741
На територијата на Општина Сарај вчера во акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата казнила 166 возачи.
Како што соопшти МВР, од изречените санкции, меѓу другото казнети се и 26 граѓани за возење без возачка дозвола, 19 лица кои управувале нерегистрирани возила, а изречени се и 14 санкции за неносење на заштитна маска.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.