Во САД затворен сајт, кој продавал непостоечки вакцини против Ковид-19

by Fokus

Американското Министерство за правда нареди затворање на интернет-страницата која продавала лажни вакцини против новиот коронавирус.

Исто така е покрената е федерална истрага против сајтот „coronavirusmedicalkit“.

Федерален судија од Тексас во саботата нареди затворање на сајтот, но интернет-страницата била активна до неделата вечерта.  Сајтот тврдел дека Светска здравствена организација доделува вакцина против новиот коронавирус и за истата треба да се уплатат 4,95 долари за транспорт.

Министерството за правда не соопшти колку луѓе биле излажани бидејќи не постои вакцина против Ковид-19. Истрагата треба да ги открие измамниците и да утврди колку заработиле.

Поврзани новости