718
Во американската држава Вашингтон се забележани досега невидени случаи – луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со новиот корона вирус.
Како што пренесуваат американските медиуми, во болницата Центер Лајф Кер (Center Life Care) во Киркланд дури 15 пациенти починале од Ковид-19 за само неколку часа и без видливи симптоми на болеста.
Болницата е позната како епицентар на епидемијата во Вашингтон. Десетици вработени се заразени, додека 55 пациенти чекаат тестирање. Болницата нема доволно тестови, а бројот на заразени лица е во постојан пораст.
Во установата има воглавно постари пациенти кои се со поголем ризи од компликации кои можат да бидат последица од заразата.