Во САД срушен рекордот, за 24 часа заразени 1,13 милиони лица

by Fokus

САД регистрираа најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 за 24 часа и тоа е апсолутен светски рекорд во време, кога ширењето на високо заразниот сој на корона вирусот Омикрон не покажува знаци на ремисија.

Претходниот негативен рекорд беше 1,03 милиони, на 3 јануари. Секој понеделник во САД се пријавуваат голем број случаи, бидејќи многу држави не даваат податоци за време на викендот. Просечната дневна стапка на нови инфекции тројно се зголеми за две недели на повеќе од 700.000 случаи.

Новиот рекорд на случаи доаѓа истиот ден со бројот на хоспитализации, кој се удвоил за три недели.

Вчера беа пријавени уште 135.500 нови хоспитализирани со Ковид-19, со што беше надминат досегашниот рекорд од 132.051, регистриран во јануари лани.

Поврзани новости