Во САД со коронавирус заразени над 25 милиони луѓе

by Fokus

Во Соединетите Американски држави бројот на лица заразени со новиот коронавирус официјално надмина 25 милиони од почетокот на пандемијата, неколку дена откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата, ставајќи ја борбата против Ковид-19 на врвот на неговата листа на приоритети.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ во неделата наутро регистрира 25.003.695 заразени, а починале повеќе од 417.000 луѓе.

Администрацијата на Бајден во четвртокот објави обемни упатства за справување со пандемијата, кои се потпираат на вакцинирање и следење на контактите на заразените.

Исто така, планира да побара од Конгресот пакет за итна помош од 1,9 трилиони долари, кој вклучува 20 милијарди долари за вакцини и 50 милијарди долари за тестови.

Земјата, исто така, се надева дека ќе одобри нови вакцини во следните недели, вклучително и на „Џонсон и Џонсон“, кои се даваат во една доза.

Поврзани новости