Во САД регистрирани 1 милион заразени за 24 часа

by fokus

Во Соединетите Држави во понеделникот беше надмината границата од еден милион нови случаи за 24 часа. Инфекцијата беше потврдена со 1.003.043 позитивни тестови, според Our World in Data и весникот „Њујорк тајмс“.

За прв пат една земја идентификуваше повеќе од 1 милион нови инфекции од почетокот на пандемијата пред две години.

- Advertisements -

На седумдневна основа, новите случаи се приближуваат до половина милион дневно (479.000). Рекордно ширење се должи на многу заразната варијанта Омикрон, а источните држави се во центарот на инфекцијата. Но новата варијанта е веќе регистрирана низ целата земја.

Во болниците се лекуваат 90.103 лица, а во последните 24 часа починале 1.643 лица.

Процентот на вакцинаја на американската популација е 62 отсто, а трета доза примеле 21%.

Поврзани новости