606
Болничарка од американската држава Конектикат е вакцинирана денеска пред камери со вакцината против Ковид-19 од фармацевтската компанија „Модерна“, со што почна вакцинацијата со таа вакцина во САД, втора која е одобрена по итна постапка.
Најавено е дека првите вакцинации со вакцината на „Модерна“, една недела од почетокот на вакцинирањето со заедничката вакцина на американската компанија „Фајзер“ и германската „БиоНТек“, ќе почнат денеска во различни делови на САД.
Вакцината на „Модерна“ против коронавирус ја одобри за итна употреба во петокот американското регулаторно тело.