Во САД почина маж откако на своја рака се лекувал од Ковид-19 со антималариски лек

by Fokus

Маж на околу 60 години почина откако земал антималариски лек без рецепт за лекување од Ковид-19, се наведува во соопштението на американската здраствена компанија „Банер хелт“ (Banner Health).

Мажот почина, а неговата сопруга е во критична состојба откако земале хлорохиден фосфат, што се користи и како додаток за чистење на аквариумите. Во рок од 30 минути брачната двојка покажала нусефекти, се посочува во соопштението.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека антималариските лекови потенцијално можат „да ја сменат играта“ со новиот коронавирус и оти лекот се препорачува во Њујорк и други места.

Поврзани новости