452
Маринскиот корпус во САД отпушти 103 припадници на службата затоа што одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19, откако војската почна да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците, јави Си-Ен-Ен.
Досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, покажуваат најновите податоци од Маринскиот корпус, но службата сè уште ги обработува барањата за изземање.
Повеќе од 97 проценти од целата активна воена сила е делумно или целосно вакцинирана. Воздухопловните сили целосно или делумно вакцинираа 97,5 отсто од своите активни сили, додека морнарицата вакцинираше приближно 98 проценти од припадниците