Американскиот претседател Џо Бајден ги повика граѓаните на смиреност откако поротата во петокот го ослободи Кајл Ритенхаус, кој уби две лица за време на немирите минатата година.
-Апелирам до сите да ги изразуваат своите ставови мирно и во согласност со владеењето на правото, изјави претседателот Бајден пред Белата куќа.
Судот во Кеноша, Висконсин, пресуди ослободителна пресуда за Ритенхаус, кој лани за време на протестите во градот поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицаец, уби две лица, а повреди едно.
Според бранителите на Ритенхаус (18), во пукањето кое се случи лани во август, тој реагирал во самоодбрана во напад од лица кои учествувале во протестот.
Критичарите велат дека „со ова се оправдува некој кој излегол на протести со полуавтоматска пушка, го зел законот во свои раце и стрелал во демонстранти, иако заканата по неговиот живот не била смртна“.
Роднините и поддржувачите на убиените се подготвуваат да излезат на протести поради одлуката.