Во САД над 3.120 починати од ковид во еден ден, најмногу досега

by Fokus

Во изминатите 24 часа во САД од ковид-19 починале 3.124 лица, што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

До минатата недела, кога црниот рекорд беше околу 3.100 луѓе, најголемиот број смртни случаи во последните 24 часа беше регистриран на 15 април – 2.603.

Медиумите коментираат дека тоа се повеќе смртни случаи отколку во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, кога беа убиени 2.977 лица.

Од почетокот на пандемијата во САД од ковид-19 починале повеќе од 290 000 луѓе, а над 15 милиони се заразиле.

Во болниците има повеќе од 106.000 пациенти со компликации од коронавирусот.

Американските здравствени власти пред неколку дена обајнија дека го очекувале овој скок на заразени лица по масовните патувањата на милиони Американци по повод Денот на благодарноста пред десет дена, и покрај повиците да останат дома. Тие сега полагаат надеж на претстојното вакцинирање.

Вакцината произведена од лабораториите „Фајзер“ и „Бионтек“ може да биде одобрена во наредните денови, а вакцината на „Модерна“ следната недела.

 

Поврзани новости