396
Маж од Америка е обвинет за убиство откако до смрт избодел жена и објавил видео од нејзините „последни моменти“ на Фејсбук, соопшти полицијата на Сан Матео во САД.
Полицијата подоцна го уапсила 39-годишниот осомничен Марк Мечинкоф.
„Иако мотивот е непознат засега, знаеме дека Мечинкоф немилосрдно ги снимил последните моменти од животот на жртвата и го објавил видеото на Фејсбук, а потоа избегал“, соопшти полицијата на Сан Матео.
Непосредно пред апсењето, полицајците поминале речиси три часа обиколувајќи станови во големиот комплекс пред да ја пронајдат жртвата во станот, се наведува во соопштението.
Осомничениот избегал, но полицајците го уапсиле по два часа откако ја нашле жртвата.
Фото: Вечер