Во сабота нема да се избираат најуспешни битолчани

by fokus

Редакцијата на Битолски весник, како организатор на традиционалната манифестација “ Избираме најуспешни битолчани”,по најновите препораки и мерки на Министерството за здравство ја информира битолската јавност  дека Манифестацијата, која беше (пре)закажана за сабота, 14 март е одложена.

Овој пат одложувањето на Манифестацијата, согласно препораките на Министерството за здравство ќе биде за најмалку 14 дена и на неодредено време.

За денот на одржување на Манифестацијата јавноста ќе биде известена веднаш по симнувањето на забраните и препораките на Министерството за здравство.

Битолски весник ги замолува сите граѓани, компании и поединци, кои имаат влезници за Манифестацијата истите да ги чуваат, бидејќи истите ќе важат кога ќе биде организрана Манифестацијата.

Поврзани новости