На 16-ти ноември (сабота) во Мадрид, Шпанија, ќе се одржи 22-то издание на манифестацијата Детска Евровизија. Македонија ќе се претстави со песната ,,Маратон” во изведба на битолчаните Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) од Битола, а нашата делегација веќе е во Мадрид.
Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис.
Автори на „Маратон“ се Лазар и Магдалена Цветковски, и за песната беше изработен видео запис во комплетна продукција на МРТ.
Македонија учествува на Детската Евровизија од самиот почеток. Најдобар пласман на земјата е освоено петто место, а најлош – последно место.
Годинава на настанот учество ќе земат 17 земји, а од регионот учествува само Албанија.
Останати земји учеснички се Кипар, Естонија, Ерменија, Франција, Грузија, Германија, Ирска, Италија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Сан Марино, Шпанија и Украина.
Македонија настапува седма по ред.
Вики Клинчарова