Во Русија приведени над 5.000 демонстранти за еден ден

by Фокус

Русија приведе над 5.000 лица, кои протестираа против руската инвазија врз Украина, во десетици градови во текот на вчерашниот ден.

Според официјални информации, полицијата приведе најмалку, 5.016 луѓе во 60 градови

Како што јавуваат медиумите, станува збор за невиден број на апсења во еден ден.

Станува збор за далеку повисок број од апсењата за време на бранот протести, што се одржаа во земјата минатата година, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални беше затворен.

Навални ги повика Русите да протестираат против војната од неговата затворска ќелија.

Поврзани новости