Во Русија нема симпатии за нацистите и никогаш нема да има, порача Путин

by Fokus

Во Русија нема, ниту пак ќе има симпатии кон нацистите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Во разговор со работниците од фабриката за тешка индустрија Уралвагонзавод, тој изјавил дека антируските политичари ја презеле власта во Украина по распадот на Советскиот Сојуз, пренесува ТАСС.

„Дрско се однесуваа и имаа поддршка од странство, пред се од САД. Тоа е причината поради која сè се случи. Оние кои некогаш соработуваа со нацистите останаа на своите позиции и истото го прават и сега“, рече Путин.

Поврзани новости