Бројот на Руси кои починале од коронавирусот во минатата година бил двојно поголем отколку што се сметало претходно, што претставува трет најголем број на жртви во светот лани. Ова произлегува од бројките објавени од националната агенција за статистика на земјата.
Вкупно 162.429 Руси починаа од вирусот во 2020 година, соопшти агенцијата Ростат на 8 февруари, истиот ден кога податоците на владината работна група за коронавирусот велат дека 77.068 луѓе починале од почетокот на пандемијата, вклучително и смртни случаи кои се случиле во минатиот и во овој месец. Бројката изнесена од Ростат ја поставува Русија зад САД и Бразил во однос на пријавените смртни случаи од коронавирусот во минатата година.
Пресметката на Ростат за смртни случаи поврзани со коронавирус вклучува случаи каде што вирусот не бил главната причина за смртта и каде што имало сомневање за вирусот, но тоа не било потврдено. Бројките на владината работна група вклучуваат само случаи кога ковид-19, болеста предизвикана од коронавирус, била потврдена како причина за смртта, метод на броење кој повеќепати бил критикуван на Запад. Заводот за статистика наведува дека населението во Русија во минатата година се намалило за највисоко ниво во последните 15 години.