Во рок од 10 дена премиерот и министрите треба да ги објават советниците и нивните хонорари

by fokus

Во рок од 10 дена, премиерот, вице-премиерите и министрите, имаат обврска да ги објават имињата на советниците и надворешните сороботници, како и да дадат податок колку изнесуваат нивните хонорари.

-Владата на денешната 11-та седница врз основа на препораката на ГРЕКО донесе одлука со која ги задолжува и кабинетите на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на Владата и на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина, се вели во соопштението на Владата.

Поврзани новости