Македонија гласала воздржано за резолуцијата за примирје во Газа во Генералното собрание на ОН затоа што во неа не бил споменат терористичкиот напад на Хамас од 7 октомври, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
„Голема слабост на резолуцијата беше неспомнувањето на терористичкиот напад на Хамас од 7 октомври кој што ние веднаш го осудивме, како и правото на Израел да се брани, затоа и гласавме за канадскиот амандман на резолуцијата. Одлуката за гласање не беше лесна, одлучивме да гласаме воздржано затоа што резолуцијата од една страна ги адресира хуманитарните прашања со што се согласуваме и ги поддржуваме, но отсуството на спомнувањето на она што Хамас го направи на 7 октомври не остава поинаков пристап во однос на гласањето“, рече Ковачевски.