Во Ресен нема активен случај на Ковид 19, иако пред еден месец беше меѓу првите пет градови по број на заболени

by Fokus
Ресен во моментов нема активен случај на Covid-19, иако пред месец дена бевме меѓу првите пет градови по број на заболени, напиша на својот фејсбук профил ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски.

„Уште еднаш благодарност до сите институции, Кризниот штаб, ЦЈЗ , МВР, ЈЗУ Здравствен дом Ресен, Клиничка болница Битола и сите претпријатија, кои максимално одговорно одговорија во кризна ситуација, но пред се благодарност до Вас почитувани граѓани за одговорноста и придржување на мерките. Ја добивме оваа битка но војната се уште трае. Да продолжиме, да бидеме совесни и одговорни и да се придржуваме на мерките за заштита.

Поврзани новости