Во разговорот на Трамп со Зеленски се вклучил и Маск

by fokus

Володимир Зеленски му се јавил на Доналд Трамп за да му честита на победата на изборите, во разговорот ненајавено се вклучил и Илон Маск, објавија американските медиуми.

За време на 25-минутниот разговор, Трамп му рекол на Зеленски дека ќе продолжи да ја поддржува Украина, без да изнесе детали, додека Маск ветил дека и натаму ќе обезбедува интернетска врска преку неговите сателити „Старлинк“, објави сајтот „Аксиос“, повикувајќи се на неименувани извори. Овие сателити имаат клучна улога за одбранбените напори на Украина, што го нагласил и Зеленски во нивниот разговор.

Трамп и Маск биле во резиденцијата на новоизбраниот претседател во Мар-а-Лаго во Флорида кога се случил разговорот, објави „Њујорк тајмс“.

„Се договоривме да продолжиме со близок дијалог и да ја унапредиме нашата соработка“, напиша Зеленски на Икс по телефонскиот разговор.

Поврзани новости