Во расправија во село во Градско убиен е 42-годишен велешанец

by Fokus

На 12.06.2023 во с. Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61) од с. Подлес.

Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес.

Од здобиените повреди во амбулантата во с. Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош. Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости