Во рамки на Школата за новинари се одржа настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

by Fokus

Скопје, 19 октомври 2023 – Следењето на дигиталната трансформација како процес кој ги олеснува работните задачи и го подобрува квалитетот на живот, употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, како и паметното користење на алатки кои работат со помош на вештачка интелигенција, беа само дел од темите за кои се дискутираше на настанот „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите”, што се одржа во рамки на Школата за новинари на ПроКредит Банка.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, обраќајќи се на присутните новинари, изрази огромно задоволство за големиот одзив, порачувајќи дека тие се двигател на општествените промени.Од таа причина,ПроКредит Банкапостојано ќе работи за унапредување и поддршка на новинарското работењепреку редовна едукација, на теми кои се важни за општеството, со цел да придонесе кон позитивни општествени промени.

Во рамки на настанот, се одржа панел дискусија на тема „Дигитализација на локалниот пазар – практики и предизвици” во која учествуваа Директорката за финансии во КОЛА групацијата Митка Мојсовска, Ко-основачот на Codewell Нино Карас и Директорот на експозитурата за средни претпријатија во ПроКредит Банка Александар Тодоров, на кој учесниците ги објаснија дигиталните практики кои се примениле во нивните компании и заклучија дека со следење на дигиталните текови максимално ги олесниле оперативните процеси, го зајакнале следењето на финансиите и придонеле кон поголема продуктивност на вработените.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Илија Господинов, говорејќи на темата „Како дигитализацијата гименува бизнисот и општеството“, посочи дека општеството веќе ја живее дигиталната трансформација, истакнувајќи дека е време да се премине кон дигитална еволуција што подразбира целосно дигитализирање на сите процеси.

Свои обраќања имаа и Дејан Блажески од Одделот за управување со ризици, одговорен за безбедност на информации во ПроКредит Банкакој говореше за „Cyber Security”, како и новинарката Искра Опетческа која говореше на тема„Дигиталните алатки за новинари – Generative AI во новинарството”.

На настанот беше заклучено дека дигитализација во сите области е од огромно значење за брзо и квалитетно работење и дека веќе се чувствуваат огромни придобивки, а со нејзиното прифаќање и унапредување, водењето на бизнисите и начинот на живот ќе се олеснат на многу начини, а со тоа ќе се зголеми и продуктивноста.

По успешното обновување на платформата „Школа за новинари“ во јуни годинава, ПроКредит продолжува со поддршка на новинарството во Македонија со цел да придонесе кон позитивни промени за целото општество.

 

 

Поврзани новости