Во Пустец, Мала Преспа, процесот на броење на гласовите по вчерашните парламентарни избори во Албанија, заврши најбрзо, по што е познато дека Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама е во предност.
Од преброените гласови, 868 се за Социјалистичката партија, 473 за Демократската партија. Во меѓувреме, Социјалистичкото движење за интеграција брои 168 гласа, а Социјалдемократската партија 13 гласа.
„Процесот на броење на изборните субјекти заврши мирно. Поради одлуката граѓаните што доаѓаат од Северна Македонија и од Грција да бидат ставени во карантин, одзивот беше помал од порано. За разлика од другите времиња, каде одзивот беше над 2.600 гласачи, оваа година гласаа 1.606 гласачи, од 4.365 на списокот“, рече комесарот на центарот за гласање.
73 гласови се сметаа за неважечки. Во општина Пустец, процесот на пребројување на гласовите напредуваше брзо. Претходно, Топ Чанел објави дека оваа општина прва завршила со пребројувањето.
Така, Пустец стана првата општина што ги објави конечните резултати од парламентарните избори во 2021 година.
Според првичните резултати, од досега пребројаните една третина од гласовите, владејачката Социјалистичка партија на Рама освоила 46,27 од гласовите, додека опозициската демократска партија добила 44,71 отсто, Движењето на социјалисти за интеграција на претседателот Илир Мета 6,67 отсто.
Од Државната изборна комисија соопштија дека победникот најверојатно ќе биде познат по завршувањето на пребројувањето на сите гласови што се очекува утре.