Во првото полугодие на 2023-та запленети 286 кг марихуана, 7 кг амфетамин и 3 кг кокаин, вели Спасовски

by Fokus

Во првото полугодие од 2023 година откриени се 372 кривични дела и кривично пријавени 440 сторители во борбата против недозволена трговија со дрога, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На неговиот официјален Фејсбук профил тој ги презентира резултатите за првите шест месеци од годинава и наведува дека се зголемени и заплените на кокаин, амфетамин и екстази и тоа: 286 кг марихуана, 7 кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3.532 парчиња екстази.

„Откриена лабораторија за производство на амфетамин, пресечени три транспорти на марихуана, сузбиени пет криминални групи и Меѓународна акција во Грција каде се запленети 104,6 кг кокаин. Продолжуваме отчетно и транспарентно – МВР за граѓаните 2023“ пишува Спасовски на ФБ.

Поврзани новости