Сите граѓани кои ќе се соочат со казна поради непрописно возење со својот автомобил, велосипед, ролерки, скирол, детска количка и количка од супермаркет ќе имаат шанса да добијат и самолеплива копија од казната која ја заслужиле.
Оние, пак, најсреќните што ќе го исполнат целиот албум во рок од три месеци, истиот ќе можат да го пратат на улица: Димче Мирчев, бр. 9, со ознака за наградна игра „МВР – Мундоказнофорија“ и ќе добијат шанса да учествуваат во големата наградна игра „Со казна во рака до награда без мака!“.
Засега неофицијално, но од блиски избори на МВР, дознавме дека незадоволните граѓани ќе можат да се собираат на претходно најавени локации и наместо да протестираат ќе можат да се менуваат меѓусебно со казните, со цел побргу да го соберат албумот и да учествуват во наградната игра.
Сепак, МВР и покрај огранизирањето на оваа наградна игра, пред се, советува безбедно да возите и да не се тормозите со собирање казни, но ако бидете сопрени и казнети, тогаш зошто да не си ја пробате среќата и да си ја искористите можноста за освојување на безброј безвредни награди!