Во продажба билети за Златна Бубамара: Патни трошоци не ви признаваме!

by fokus

Дел од билетите за манифестацијата Златна Бубамара на популарноста 2018 од денес се пуштени во продажба и можат да се купат по цена од 800 и 1.000 денари онлајн, на страницата www.mktickets.mk

Организаторите на забавната манифестација која е една од најпопуларните во земјава и за која секоја година се бара билет повеќе, во свој стил го најавија настанот кој ќе се случи на 22 февруари во ВИП Борис Трајковски.

-Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава!

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!

Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!

Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан.

Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!

Музичкиот спектакл ќе се оддржи на 22.февруари, а традиционално – сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право – во свој стил информираат од орагнизацијата на настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости