Во Пробиштип го добив најубавиот роденденски подарок, кажа Цеца Ражнатовиќ

by fokus

Балканската турбо фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, која во саботата одржа концерт со околу 5.000 луѓе во публика на стадион во Пробиштип, открива дека токму таму го добила најубавиот роденденски подарок.
Иако е родена на 14-ти јуни, како што раскажа за српски Телеграф, она кое и се случило во Пробиштип за неа било предвремен подарок кој никогаш нема да го заборави.

-За прв пат во животот пеев на иста сцена со ќерка ми Анастасија. Овој датум ќе го памтам цел живот, затоа што ми е доста важен, за секоја мајка, родител, ова е огромен успех. Имавме преубава вечер која нема никогаш да ја заборавам.
Јас сум на сцената 35 години, додека пак Анастасија нема пејачко искуство кога се настапите во прашање. Знам дека и е тешко, бидејќи децата на познати родители многу тешко можат да направат свој пат, посебно ако влезат во иста вода во која родителите веќе направиле сјајна кариера.
Во Пробиштип немав многу трема, бидејќи и Анастасија беше опуштена, најмногу бев возбудена кога таа го имаше својот прв настап во Франција. Тогаш ми олесни кога ми јавија дека завршила со настапот и се поминало во ред – раскажува Цеца.

На концертот, првин настапи Анастасија, која потоа ја најави својата мајка. Цеца вели дека имала среќа што хотелот во кој биле сместени бил во близина на стадионот, па го замолила менаџерот да се паркира на страна, а таа седела внатре и го слушала настапот на Анастасија пред и самата да дојде на сцената.

-Седев во автомобилот и ја гледав од страна. Преубаво чувство. Кога таа реши да се занимава со музика, можеби и сонував еден ден да ја делиме сцената. Ова е најубава работа, и треба да се работи тоа што се сака, енергијата која ја добиваме од публиката е лековита – вели пејачката.

Додава дека нема официјално да го прослави 49-от роденден, бидејќи на 15-ти јуни имала настап во Бугарија, а случувањата во Пробиштип и биле еден вид на роденденски подарок.
Наредниот месец таа ќе настапи во клуб во Струмица, а пак на први август гостува во Охрид.

Вики Клинчарова

Поврзани новости