506
Во Приштина се уапсени две лица за незаконска трговија со човечки органи и ќелии и илегална трансплантација на органи, соопшти денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“.
Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција.
Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.
-Пријавено е дека во истрага на Криминалистичката единица се уапсени двајца осомничени, турски државјанин и Албанка, кои се товарат дека незаконски тргувале со човечки органи и изведувале илегална трансплантација. По налог на обвинител против нив е почната редовна процедура, се наведува во соопштението на полицијата.