346
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во прилепското село Кривогаштани уапсиле на дело двајца крадци, а украдените предмети биле вратени на сопствениците.
„На 07.08.2023 во кругот на поранешна фабрика во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода И.Д.(40) и Ш.Ј.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица“, велат од МВР.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.