755
Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени шест лица за продажба на дрога по вчерашната акција на полицијата на територијата на Прилеп, кои ќе бидат предадени на јавен обвинител и изведени пред суд.
– Станува збор за криминална група која се бави продажба на дрога на територијата на Прилеп во акција подготвувана од септември 2020 година. Обезбедени се докази и приведени се шест лица, а претресени се 16 локации. Одземени се дрога, пари од дрогата, мобилни телефони и возила – рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Тој додаде дека ќе има и кривична одговорност за полициски службеници кои биле инволвирани во работата на криминалната група од Прилеп, но воедно посочи дека меѓу нив нема приведени.