Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сподели бизарна скица на која седи до Исус пред вториот ден од судењето за граѓанска измама на Менхетен.
Сликата првично беше објавена на социјалната мрежа X од корисникот Дом Лукре, а Трамп се пофали.
„Луѓето почнуваат да гледаат каква голема заедница изградив преку судењето на расистичката њујоршка јавна обвинителка Летиција „Пикабу“ Џејмс. Сето тоа требаше да биде приватно, но на многу начини открива голем успех“, објави Трамп на неговата платформа Truth Social.
Да потсетиме, денеска на Менхетен продолжи судењето на Доналд Трамп, што може да нанесе голема штета на поранешниот американски претседател и неговата империја со недвижнини и да го ограничи неговиот бизнис во Њујорк.
Трамп, фаворит за републиканска претседателска номинација во 2024 година, е обвинет заедно со неговите два сина и речиси десетина деловни соработници ја надувал вредноста на својот имот за милијарди долари за да обезбеди поповолни услови за кредитирање и осигурување.