Во Прага анонимна дојава за пет бомби на аеродромот „Вацлав Хавел“

by Fokus

До чешката полиција била испратена анонимна дојава за пет бомби поставени на аеродромот Вацлав Хавел во Прага, но по извршениот преглед било утврдено дека се лажни.

„Непознато лице на англиски пријавило дека поставило пет бомби на аеродромот Вацлав Хавел во Прага. Преземени се безбедносни мерки и од патниците е побарано да бидат трпеливи и да ги следат полициските упатства“, соопштија од полицијата на социјалната мрежа „Икс“.

Полицијата наведува дека процедурите поврзани со заканата со бомба се завршени, дека на аеродромот не се пронајдени експлозивни направи и дека потрагата по непознатиот сторител продолжува.

Во потрагата по сторителот биле ангажирани специјално обучени сили.

Поврзани новости