Во пожар во училиште во Кенија загинаа најмалку 17 ученици

by Fokus

Најмалку 17 ученици загинаа откако пожар зафати училиште во централна Кенија, соопшти полицијата.

Се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, бидејќи повеќе од десетина луѓе се пренесени во болница со тешки изгореници.

Причината за пожарот во училиштето во округот Ниери, градот Ендараша е под истрага, изјави портпаролката на полицијата Ресила Онианго за локалните медиуми.

Тим од истражители е испратен во училиштето, додаде таа.

Пожарите во интернатите во Кенија се релативно чести, пишува Би-Би-Си.

Во 2017 година, 10 студенти загинаа во подметнат пожар во Најроби.

Најмалку 67 ученици беа убиени во округот Мачакос, југоисточно од Најроби, во најсмртоносниот подметнат пожар во училиште во Кенија во последните 20 години.

Поврзани новости