486
Во Центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти „Мориа“ на грчкиот остров Лезбос, каде попладнево изби пожар, животот го загуби едно дете, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека за време на гаснењето на пожарот било извлечено безживотното тело на детето. За справување со огнената стихија интервенирале 13 пожарникари со пет возила.
Причините за пожарот, кој е ставен под контрола, засега се непознати, а според локалните медиуми, детето е на возраст од 6-7 години.