Во пожар во куќа во тетовско Стримница почина 90-годишник

by Fokus

Во пожар во куќа во тетовското село Стримница, во Општина Желино, вчера починало 90-годишно лице, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот бил пријавен половина час пред полноќ, а 11 пожарникари со четири противпожарни возила го гаснеле до 2:45 часот.

Во текот на гаснењето, додаваат од ЦУК, дежурните од полициската станица во Групчин во 00:19 часот известиле дека машко лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.

Тетовските пожарникари, што интервенирале во гаснењето на пожарот, го извадиле починатото лице.

За случајот од ЦУК велат дека бил известен јавен обвинител и лекар на судска медицина за понатамошна постапка. Увид на местото на пожарот извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Поврзани новости