1
На 18.11.2024 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Стримница настанал пожар во куќа сопственост на З.Ш.(90) од с.Стримница, кој живеел сам во куќата.
Полициски службеници од Полициското одделение Групчин излегле на местото, а интервенирала екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово, која во 00.20 часот го пронашла починат З.Ш..
Пожарот бил изгаснат, а смрт констатирала лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.