Во пожар изгореа хаварисани возила во кругот на струмичката болница

by Fokus

Во пожар утрово изгореа две хаварисани возила, кои биле паркирани во кругот на струмичката болница.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица пожарот бил пријавен во 05.05 часот во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица, а ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на двете запалени хаварисани возила.

„Пожарот беше локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето и беше спречено негово проширување на блиските околни објекти“ соопштија од ТППЕ Струмица.

Извршен е увид, а причините за негово настанување ќе се испитуваат.

Поврзани новости