255
Пожар изби синоќа по 19 часот во магацинот на ЈКП „Дервен“, спроти Управната зграда кај Градскиот парк во Велес.
Како што информираат од ЦУК Велес, пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила.
Во пожарот е опожарен магацински простор поврзан со гардероба на површина од 200 метри квадратни заедно со целиот инвертар на магацинот, алати и опрема. Изгорена е и 90 отсто од кровната конструкција на објектот.
Екипа на СВР Велес денеска ќе врши увид во опожарениот објект на ЈКП „Дервен“ за да ги утврди причините за настанатиот пожар.