Во пожар изгоре 83-годишен гостиварец

by fokus

Во пожар што вчера избуванал во семејна куќа во гостиварското село Горна Бањица, настрада 83-годишен маж.

-Во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била  констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, велат од МВР.

Поврзани новости