711
Во последното деноноќие регистрирани се 25 починати лица по компликации со Ковид-19.
Десет пациенти се од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910.