574
Во последните 24 часа напишани 518 казни за неносење маска

Во изминатите 24 часа полицијата регистрирала 518 прекршоци на мерката за задолжително носење заштитна маска на лицето, соопшти МВР.
Оттаму и денеска апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид-19.
Казната за неносење маска е 20 евра, а ако се плати на самото место изнесува 10 евра.