477
Десет луѓе, од кои четири деца денеска загинаа во поплавите и уривање на една зграда во главниот град на Јемен, Сана.
Четирите деца загинаа при уривање на зграда во Сана, а шест лица загинаа во возило однесено од надојдената вода во близина на главниот град.
Јемен е најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров, погодена од глад и уништена по седумгодишната војна помеѓу бунтовниците Хути блиски до Иран и владините сили поддржани од коалицијата предводена од соседна Саудиска Арабија од 2015 година.
Двете страни потпишаа примирје, што е во сила од 2 април и треба да трае до почетокот на август.