Во обилните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина загинаа 20 луѓе, а се трага за уште 18 други. Ситуацијата е особено тешка во градот Јабланица, каде поплавите предизвикаа значајни штети на на куќите, а поплавена беше и џамијата.
Спасувачките акции се во тек, а екипи од соседните земји, како и од неколку земји од ЕУ, пристигнуваат за да помогнат во расчистувањето.
Прогласена е тридневна жалост од страна на Владата. Критична е ситуацијата во Фојница и Коњиќ каде има и жртви , додека во местата Доња Јабланица се уште се трага по исчезнатите семејства. Уништени се патните и железничките врски, а сообраќајот од Мостар кон Јабланица е целосно блокиран.
Состојбата во подрачјата погодени од поплави и одрони е исклучително тешко, а отстранувањето на првите слоеви насипи и повлекувањето оди бавно. Градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ, вели дека е зафатена површина од 300 квадратни километри, а 20 села се уште се отсечени.