Во понеделник ќе започне изработката на проектот за изградба на спомен одбележјето на Тоше Проески, на градските гробишта во Крушево.
Крушевскиот градоначалник Томе Христоски информира дека Владата донела одлука за одобрување и префрлање на средства од Министерството за култура на сметката на Општина Крушево.
-Владата на Р.Македонија на последната седница донесе Одлука и Програма за доделување на средства кои ќе бидат префрлени од Министерството за Култура кон Општина Крушево за изградба на Спомен обележје, достоен вечен дом на нашата музичка поп икона, сограѓанин и другар Тоше Проески. Општина Крушево од 27.08.2018 година (понеделник) ќе започне со активностите за изработка на проект за изградба на достоен вечен дом на Тоше Проески – вели Христоски.
Реставрацијата на гробното место на музичката легенда беше најавена уште лани, во ноември. Тогаш Владата информираше дека преку проект обезбедила 150.000 евра за таа намена.
Вики Клинчарова