Низа плакати со логото на руската приватна платеничка група Вагнер се појавија на улиците на Краков, објавија полските медиуми.
Членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух, го објави ова на Фејсбук:
„Во Краков се појавија плакати со повик за приклучување кон групата Вагнер. Тоа е начин на провокација, а тоа не се случи само во Краков“, рече тој.
Постерите со натпис „Ние сме тука. Придружете ни се“ покануваат – на англиски – да се придружите на Вагнер, а QR-кодот што ја придружува поканата води до страница на руски јазик.
Полскиот весник „Газета Краковска“ објави дека Бартломиј Издебски, полицаец во Краков, рекол дека полицијата добила дојава за два такви плакати.
„Собираме изјави, фотографии и ќе истражиме“, рече тој.
Полицијата излезе со посебно соопштение во кое се вели дека такви повици полицајци нашле на повеќе локации во градот, откако добиле дојава.