Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си.
Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на околу 1300 америкнаски војници во Романија.
Претходно Пентагон информираше 1.700 војници, претежно од 82. воздушно-десантна дивизија, ќе бидат префрлени од Форт Брег, Северна Каролина, во Полска.
Вчера, со авион во Полска пристигна командантот на 82. воздушнодесантна дивизија, генерал-мајор Кристофер Донаху. Инаку, на 30 август тој беше последниот американски војник што го напушти Авганистан.