703
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави денеска дека во голема полициска акција се уапсени околу 150 луѓе, а распишана е црвена Интерпол потерница за Филип Кораќ, за најтешко кривично дело.
Полицијата упаднала во неколку десетици куќи и станови и притоа уапсила десетици осомничени. Исто така, влегла и во куќите на некои од најмоќните луѓе кои се поврзуваат со нарко-кланови.
– Во овие случаи не е лесно да се најдат докази. Ќе се трудиме да собереме доволно докази за да добиеме епилог. Претресите и натаму трајат, рече Стефановиќ на прес-конференција во Белград.