Во полициската акција која утрово ја спроведе полицијата уапсен бил и советник од Алијанса за Албанците од општина Шуто Оризари, кој наводно бил припадник на криминалната група Грчец, неофицијално дознава „Фокус“.
Иако се обидувме да добиеме потврда и од Министерството за внатрешни работи и од партијата, засега официјална потврда на оваа информација нема.
Како што утрово беше објавено, полициски екипи утрово вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.
Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.
Во текот на денот, по завршувањето на акцијата, се очекуваат детали од полицијата.