Во полиција ја пријавил сопругата дека го нападнала, за половина час следувала контра-пријава

by Fokus

Млад велешанец синоќа пријавил во полициска станица дека бил нападнат од неговата 5 години повозрасна сопруга, но само половина час подоцна, и жената го пријавила мажот за напад.

„Во СВР Велес, 36-годишник од Велес синоќа во 21:30 часот пријавил дека во семејната куќа, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 41-годишна сопруга. Околу 22 часот и 41- годишната жена пријавила дека во домот била физички нападнат од 36-годишниот сопруг“ – информираа денеска од СВР Велес.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и Центарот за социјални работи и по негово целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.

 

Поврзани новости